Секому по едно полувреме во „Јане Сандански“ – бодовите во Автокоманда

Борбата за опстанок ќе биде интересна и секој меч ќе биде неизвесен, ако се суди според првиот меч од пролетниот дел во кој Мулти Есенс на гости во градското дерби го победи Голден Арт со 24-23 (11-16). Сините така го вратија „брејкот“ што Голден Арт го направи во првото коло во регуларниот дел од сезоната. Сега уште по првото коло од разигрувањето за титулата тимот од Автокоманда го „прескокна“ Голден Арт.

Гостинскиот голман Ѓорѓи Ермоноски беше еден од главните „виновници“ бидејќи од вкупно девет одбрани на мечот, осум беа во второто полувреме, а неколку токму во последните четири минути од натпреварот кога гостите имаа водство до 24-23, и го зачуваа, а токму Ермоноски имаше трио интервенции.

Две различни полувремиња на средбата, кое им припадна на секој тим. Првото на Голден Арт, втоот на Мулти Есенс.
Уште при мотивирањето на тимовите пред поечтокот на средбата беше јасно дека ќе биде меч во кој ќе се игра „до крај“, зошто и домаќините и гостите ептен силно го извикуваа клупското мото. И така беше навистина, барем во првите 11 минути, каде гостите од Автокоманда последен пат имаа водство (6-5). Потоа гостите пак израмнија на 7-7, за во следниот период Голден Арт да го преземе водството и во 18 минута првпат да има предност од „плус 2“ (10-8)

Голманот Златко Даскаловски во првото полувреме имаше три одбранети пенали, сите што „сините“ го изведуваа од линијата од седум метри. И плус уште три одбранети топки. На спротивната страна Ермоноски само еднаш одбрани топка,, и тоа во 27 минута. Тоа беше и разликата поради која Голден Арт имаше предност од 16-11 на полувреме.

Ако Голден Арт мислеше дека лесно ќе биде, и по третпат сезонава со градскиот ривал, така не мислеа ракометарите предводени од Миле Бочкароски. Во 36 минута го намалија резултатот на 18-15, надевајќи се дека можат да се вратат во игра и да го напртават натпреварот уште поинтерсен. И така и направија, зошто во следниот напад Божидар Илиески од пенал намали на 18-16, а потоа и Давид Димевски со својот шести гол на средбата го донесе својот клуб на „минус 1“ (17-18).

Следните 20 минути повторно неизвесноста беше во воздухот во малата сала во СЦ “Јане Сандански“. Гостите имсаа две шанса по ред да израмнат, но направија техничка грешка, а потоа Даскаловски повторно одбрани. Она што не им помина двапати го реализираше Михаил Ивановски, за израмнување 18-18 во 45 минута.

Потоа Мулти Есен го презеде водството, аво 52 минута и „плус 2“ за водство 23-21. Потоа Голден Арт израмни на 23-23, имаше и шанса и д аповеде, но неколку технички грешки беа пресудни, а тоа го казнија играчите на Мулти Есенс.

Кај победничкиот тим Давид Димевски со 10 гола беше најпрецизен, а шест постигна Михаил Ивановски. Кај домашните, Христијан Милошески даде седум гола, а Дејан Гошевски постигна пет.