„Секој месец треба да мислиме дали ќе ја добиеме следната плата“

Екипата на Будуќност активно работи за преостанатиот дел од Лигата на шампионите, а в сабота црногорскиот шампион на свој терен ќе игра против Вајперс Кристијансад.

Будуќност, исто како и клубот од Норвешка, беше во финансиски проблеми, но некако успеа да се спаси.

Тренерот на Будуќност, прославената Бојана Поповиќ, изјави дека ситуацијата во клубот сѐ уште е неизвесна.

,,Секој месец треба да мислиме дали ќе ја ја добиеме следната плата. Ситуацијата во клубот е таква во последните четири – пет години, сега го чекаме формирањето на градското собрание на градот Подгорица и донесувањето на буџетот. Се работи за животите на нашите ракометари, за нив ракометот е работа, односно егзистенција. Ситуација во која морето од истите грижи месец по месец доведува до стрес”, изјави Поповиќ.

Будуќност на осум одиграни натпревари во групната фаза во европската елита освои само еден бод, оној против силниот Ѓер.