Сегед создава ѕвезден тим – доаѓа и Магнус Род

Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед за следната сезона е решен да биде главен фактор на европска сцена.

Раководството на клубот пред неколку дена го потврди трансферот на Јанус Смарасон, кој моментално настапува во Магдебург.

Веќе извесен период како потенцијално засилување во ПИК Сегед се споменува легендарниот репрезентативец на Шведска, Џим Готфридсон, но и Магнус Род од Колстад.

Според информациите на „RTH Handball“, десниот бек бил на мета на неколку богати клубови, но најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во клубот од Сегед.

Во следната сезона во ПИК Сегед ќе пристигне и голманот од ГОГ Гудме, Тобијас Тулин, а пред потпис со унгарскиот тим се наоѓа и екс ракометарот на Вардар, Жереми Тото.