Седма титула за Бохолт во регионалната БЕНЕ лига

Белгискиот тим Ахилес Бохолт ја освои седмата титула во регионалната БЕНЕ лига и стана најтрофеен клуб во оваа конкуренција каде играат екипи од Холандија и Белгија.

Во финалето, Бохолт го совлада тимот на Висе, исто така од Белгија, со убедливи 33-27, иако на паузата беше реми, 15-15.

Најдобри стрелци кај победникот беа српското десно крило Алекса Кљаиќ со седум гола и полскиот десен бек Пјотр Пжибилски со пет погодоци.

Во полуфиналето, Бохолт во двомечот дома-гости на гол-разлика го елиминираа холандскиот Волендам, додека Висе беше подобар исто така од холандски тим, Алсмер.