Се подготвува нов спектакл: Финалето на ЕП 2028 ќе се игра на стадионот на Реал Мадрид!

Рекордот што го поставија Германците на првиот ден од Европското првенство во Диселдорф и бројката од 53.586 гледачи, најверојатно нема да трае долго време.

Шпанска „Марка“ пишува дека претседателот на тамошната федерација, Франциско Блазкез открил дека планот е финалето на Европското првенство во 2028 што ќе се игра во Швајцарија, Португалија и Шпанија е да се игра на стадион.

Станува збор за стадионот „Сантијаго Бернабеу“, кој има капацитет од 83.000 гледачи кога се работи за фудбалски натпревари, но како и да биде адаптиран за ракометен натпревар би имало повеќе гледачи отколку во Диселдорф.

„Разговараме со шпанската федерација за финалниот викенд на ЕП 2028 да се игра во Мадрид и би било убаво ако тоа е стадионот „Сантијаго Бернабеу“. До пред некое време стравував од идејата за финале на стадион бидејќи секогаш постои ризик нешто да не функционира како што треба. Но сега верувам дека ако постои добра организациска подготвеност тоа е сосема реално. Името „Бернабеу“ звучи навистина добро. 2028 е далеку, но интензивно ги разгледуваме сите аспекти за оваа идеја да се реализира“, изјави претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер за германскиот „Билд“.

Претходно ЕП 2026 година ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка, но скандинавците веројатно нема да експериментираат со играње ракометни средби на фудбалски стадиони.