Се делеа Куп трофеи низ Европа: Лекиќ и Цвијиќ го шокираа Ѓер, се радуваа Татран, Валур, Иштад…

Минатиот викенд низ повеќе држави низ Европа се играа финални натпревари во националните Куп натпреварувања.

Тимот на Ференцварош предводен од екс вардарките Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ славеше во финалето против Ѓер со 25-23 и третпат по ред освојува трофеи во Купот.

Во Словачка се играше финалето на машкиот Куп, каде Татран Прешов без проблеми ја победи Братислава со 24-19.

Во Германија, во женското Куп финале, тимот на Мецинген го победи Битигхајм со 30-28 и за првпат во историјата освои трофеј.

Во Шведска кај мажите, тимот на Иштад, каде што игра ветеранот Ким Андерсон беше подобар од Хамабри со 33-32, додека кај дамите Савехоф беше подобар од Хор со 33-26 и го освои трофејот.

На Исланд голема радост имаше во семејството на Валур, бидејќи и машкиот и женскиот клуб освоија трофеи во Купот.