Сафранко: Бутел е незгоден, ќе дадеме сѐ од себе да ги освоиме бодовите

Ракометарите на Охрид во рамки од 13. коло од Супер лигата за ривал го имаат тимот на Бутел Скопје.

На првиот меѓусебен сезонски натпревар, кој што беше одигран на 14 септември, избраниците на Стевче Алушовски триумфираа со 26:23.

Левиот бек на Охрид, Рудолф Звонимир Сафранко, за ривалот од Скопје имаше пофални зборови и се надева дека неговиот тим ќе биде подобар на натпреварот.

,,Бутел е една навистина незгодна, тешка екипа, имаат спој на младост и искуство, мислам дека сите играчи се многу добри, а ние ќе дадеме сѐ од себе за да ги освоиме двата бода и со победа да се вратиме во Охрид”, изјави Сафранко.

Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Охрид ќе се одигра со почеток од 18:00 часот во спортската сала „Антон Димитров“.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2АЛКАЛОИД22200240
3ТИКВЕШ 201422113825
4БУТЕЛ221201024
5ПРИЛЕП22731217
6ПРОЛЕТ22651117
7КУМАНОВО22501710
8БОРЕЦ Ф.Л.2224168
9СТРУГА2231187
10РАДОВИШ2222186

Крстевски: Никогаш не било лесно против Бутел