Alicia Maria GOGIRLA, France vs. Romania, Women's EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 05.12.2024, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Романија играше храбро, но загуби од Франција, Холандија славеше над Словенија

Репрезентациите на Франција и Холандија, кои во главната фаза влегоа со два бода, славеа во првото коло против Романија, односно Словенија.

Франција во натпревар од првото коло од главната фаза за ривал ја имаше незгодната Романија и по големата борба успеа да триумфира со 30:25. Иако Франнција беше истакнат фаворит, сепак, составот на Пера покажа дека може да им парира на посилните ривали.

    По првото полувреме, кое помина во знакот на Франција, која на пауза замина со предност од 12:8, Романија се врати во вториот дел и рамо до рамо се бореше против еден од фаворитите за златото.

Избраничките на Флорентин Пера во 40 минута се заканија намалувајќи на минус еден, 16:15, минута подоцна дојдоа и до изенадчување, 16:16. Франција за момент се одлепи на 18:16, но Романија не се предаваше и во 45 минута израмни на 19:19.

До крајот имаше голема борба на теренот, а во последните десет минути резултатската ,,нишалка” беше 2-3 гола разлика за искусните Французинки кои не дозволија да има драма во финишот од натпреварот.

Холандија, исто така, наиде на голем отпор од Словенија и мораше да го даде максимумот за да дојде до посакуваните два бода.

Светскиот првак од 2019 година со подобрата игра во последниот период дојде до победа од 26:22 (14:10) и си ги зголеми шансите за пласман во ТОП 8.

Во победничката репрезентација предводник беше Ангела Малештајн со шест гола, додека кај Словенија се истакна Тјаша Станко со еден повеќе – седум.

До крајот од групната фаза Холанѓанките ќе играат со Норвешка, Швајцарија и Данска.

Шведска ја отвори главната фаза со победа, Германија рутински против Швајцарија