Романците натурализираа уште еден ракометар, ќе дебитира против Македонија

По Хаивер Хумет и Анте Кудуз, романската федерација натурализира уште еден ракометар, кој ќе може да настапува за националниот тим.

Станува збор за чуварот на мрежата, Сеид Хеидарирад, кој доби дозвола од Светската ракометна федерација да ја промени репрезентацијата.

Тој е Иранец, но ги исполни условите да има пауза од три години настап за претходната репрезентација и веќе доби дозвола за играње за Романија.

Хеидарирад најверојатно ќе дебитира за Романија на пријателските средби против Македонија во Браила на 15 и 16 март, а прв официјален настап ќе има на бараж двомечот со Чешка за пласман на СП 2025 година.