Репрезентацијата на Унгарија е еден од ривалите на Македонија во групната фаза на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.
Унгарците во групната фаза ги очекува и соочувањата со Холандија и Гвинеја, а против „црвено-жолтите“ ќе се соочат во првото коло.
Селекторот на Унгарија, Чема Родригез, е претпазлив за сите дуели во групната фаза.
,,Македонија најмногу ја практикува играта „еден на еден“, играат добра одбрана и може да се каже дека е тежок противник, бидејќи играме со нив во првото коло. Потоа ни следи Гвинеја, на хартија ние сме тука фаворити, но никако не смееме да зборуваме за лесни натпревари. Холандија можеби е најтешкиот ривал во групата, добри се во сѐ, играат цврста одбрана, добри се во транзиција и имаат искусни играчи со голем квалитет”, изјави Родригез.