Машката репрезентација на Македонија денеска го стартува настапот на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.
Прв ривал на Македонија е Унгарија, а нивниот селектор Чема Родригез имаше пофални зборови за нашата репрезентација.
„Македонија е брза репрезентација со извонредни ракометари. На подготовките загубија само со два разлика од Хрватска. Кирил Лазаров е селектор на нашиот прв ривал. Тој освен што беше одличен како играч, е мој добар пријател, и врши одлична работа. Очекувам полесен натпревар против Гвинеја, а против Холандија посакуваме да победиме, бидејќи овој натпревар ќе биде важен и од аспект на освојување на првото место во групата”, изјави Родригез.
Натпреварот меѓу Македонија и Унгарија се игра вечерва во „Вараждин Арена“ со почеток во 20:30 часот.