Македонската репрезентативка Сара Ристовска по две сезони пауза им се врати на настапите во Лигата на шампионите.
Нејзиниот Рапид Букурешт славеше против црногорскиот првак Будуќност со 32-27, а македонското десно крило даде еден гол од еден обид.
Во балканското дерби, Крим славеше кај Подравка со минимален, а најзаслужни за тоа беа Мавсар и Заади со по пет погодоци.
ЧСМ Букурешт ја продолжува „стара песна“ и со новата предводничка Хеле Томсен. Загубија од дебитантот Глорија Бистрица со 30-26 на премиерата во новата сезона и покрај деветте гола на Оморегие.
Во дербито на колото, европскиот првак Ѓер, славеше против данскиот Есбјерг, а руската репрезентативка Ана Вјахирева дебитираше за францускиот Брест со триумф против нејзиниот екс клуб, Кристијансанд.
Лига на шампиони, 1 коло, резултати:
група А
Ферецварош – Никобинг 31-22
Глорија Бистрица – ЧСМ Букурешт 30-26
Подравка – Крим 28-29
Сторхамар – Мец 29-29
група Б
Оденсе – Лудвигсбург 28-22
Рапид Букурешт – Будуќност 32-27
Брест Бретањ – Вајперс Кристијансанд 30-27
Ѓер – Есбјерг 28-26