Ристовска и Рапид пред елиминација од ЛШ, ЧСМ Букурешт со висок триумф

Рапид Букурешт, тимот во кој настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, најверојатно следниот викенд ќе ја заврши авантурата на европска сцена.

Клубот на Ристовска вечерва беше поразен од градскиот ривал, тимот на ЧСМ Букурешт, со резултат 34:24, во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Поранешниот европски првак со убедливиот триумф веќе со една нога се наоѓа во четвртфиналето, па така на реваншот може да си дозволи и мал луксуз или да одигра реми.

Ристовска успеа да постигне два гола од три обиди во дадената минутажа, а Холанѓанката Еставана Полман, која имаше шест реализации, беше најефикасна во поразениот табор.

ЧСМ Букурешт во победата беше предводен од Кристина Неагу, легендарната ракометарка постигна девет погодоци, седум додаде Елизабет Омореги, а пет реализации имаше Ема Фрис.

Реванш натпреварот меѓу двата градски ривали ќе се одигра следниот викенд, на 19 март.

🎥Плетикосиќ како Кузмановски – со бомба од 13 метри го реши Брест