Некогашниот ракометар на Пелистер и Пролет, кој одамна живее во Германија, Стевче Ангелкоски, гради тренерска кариера.
Минатата сезона ја заврши играчката кариера и веднаш почна тренерска во тимот на Алфелд, каде што играше најдолго време во Германија.
Тој го водеше вториот тим на Алфелд и го однесе ранг погоре во регионалната конкуренција во Германија, а сега ќе има нов предизвик.
Ќе биде предводник на младинската екипа на ТСВ Андертен.
Плејмејкерот, кој сега гради тренерска кариера, потекнува од школата на Пелистер, во Македонија кратко време го носеше дресот на Пролет, додека на интернационална сцена беше член на екипите на Ботфелд и Ајнтрахт Хилдесхајм.























