Турскиот шампион Бешикташ денеска го промовираше првото засилување за новата сезона – десното крило Богдан Радивојевиќ.
По промоцијата на тренерот Рубен Гарабаја, Бешикташ ангажираше и играч што беше дел од Еурофарм Пелистер.
Со овој трансфер, Радивојевиќ ќе ја прекине серијата од 15 последователни сезони во Лигата на шампионите, бидејќи турскиот клуб нема да настапува во елитното европско натпреварување.
Искусниот крилен ракометар помина три сезони во битолскиот клуб и освои две шампионски титули. Пред доаѓањето во Македонија, Србинот настапуваше за ПИК Сегед, Рајн Некар Левен, Фленсбург и Партизан.
Во Бешикташ треба да се пресели и досегашниот голман на Вардар, Мигел Еспиња.
























