Тимот на Рапид Букурешт, каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, се пласираше на завршниот турнир во Купот на Романија.
Рапид Букурешт славеше на домашен терен против составот на Таргу Жиу со 33-24, а на полувремето беше 14-12.
Македонската репрезентативка беше втор стрелец со четири гола од шест обиди, зад најефикасната Анѓела Јањушевиќ со осум.
Покрај Рапид Букурешт, во битката за трофејот во Купот на Ф4 ќе играат и Дунареа Браила, ЧСМ Букурешт и Глорија Бистрица.