Секако, нема јавна дискусија, дали предлогот е добар? Зошто треба да се игра така? Кои се предностите, а кои недостатоците? Дали клубовите сакаат да се менува начинот на играње, на само еден месец пред почетокот? Едноставно, имаат рок да дадат забелешки, ама ждрепката е веќе закажана! Веројатно предлозите и да бидат добри и издржани нема ништо да сменат во намерата да се игра така како што во РФМ замислиле.
Ракометната федерација на Македонија многу често решава да го менува системот на натпреварување, а новата „идеја“ за подоборување на женскиот ракомет стигна на маса пред клубовите. Клубовите ги добија предлог пропозициите за претстојната сезона во Женската лига и имаат рок до 5 август да го „изгласаат“ новиот систем или да предложат промени, а ждрепката е најавена за 7 август.
Секако, нема јавна дискусија, дали предлогот е добар? Зошто треба да се игра така? Кои се предностите, а кои недостатоците? Дали клубовите сакаат да се менува начинот на играње, на само еден месец пред почетокот? Едноставно, имаат рок да дадат забелешки, ама ждрепката е веќе закажана! Веројатно предлозите и да бидат добри и издржани нема ништо да сменат во намерата да се игра така како што РФМ замислиле.
Новата сезона во Женската лига ќе се игра со еден клуб повеќе отколку минатата сезона – а тоа е вториот тим на Ѓорче Петров. Вкупно 15 екипи ќе играат поделени во три групи во регуларниот дел, а потоа екипите ќе се поделат во плеј-оф (со шест екипи) и плеј-аут (со девет екипи).
Откако екипите ќе одиграат во регуларниот дел, вкупно десет кола (односно осум натпревари), прво и второпласираните од трите групи (вкупно шест), ќе се пласираат во плеј-офот, додека останатите девет ќе разигруваат во плеј-аутот.
Во плеј-офот, првопласираните екипи пренесуваат по еден бод, додека второпласираните ниту еден. Шесте екипи меѓусебе ќе одиграа по четири натпревари, двокружно, односно вкупно 20 натпревари.
Во плеј-аутот, третопласираните од група пренесуваат два, четвртопласираните по еден, а последните ниту еден. Деветте екипи од плеј-аутот ќе разигруваат еднокружно, односно ќе одиграат 18 натпревари.
Женска лига, 2024/25, ждрепка:
шешир 1: Ѓорче Петров, Чаир, Металург Автокоманда
шешир 2: Вардар, Куманово, Стружанка
шешир 3: Пелистер, Скопје, Деспина
шешир 4: Спартак, Овче Поле СУ, Астибо
шешир 5: Шампион, Гевгелија, Ѓорче Петров 2