Распоред за плеј-оф и плеј-аут: Кој против кого, кога и каде

По извлекувањето на редните броеви на екипите што ќе играат во плеј-офот и плеј-аутот во Супер лигата, познат е распоредот на натпреварите.

Откако го комплетираа регуларниот дел, суперлигашите немаат многу време за одмор и викендов ќе ги играат натпреварите од Купот, а веќе од среда ги почнуваат битките за титула и опстанок.

Најважните дуели во битката за титулата ќе се играат во 5 и 10 коло. Најпрво Вардар ќе гостува во Битола кај шампионот Еурофарм Пелистер, а потоа битолчани доаѓаат во Скопје, каде што ќе се доделува титулата на 7 јуни.

Супер лига, плеј-оф/аут, распоред:

1.коло (2/3 април)
Бутел Скопје – Охрид
Ваардар – Алкалоид
Тиквеш – Еурофарм Пелистер
Прилеп – Борец ФЛ
Пролет – Струга
Куманово – Радовиш

2.коло (5/6 април)
Охрид – Еурофарм Пелистер
Алкалоид – Тиквеш
Бутел Скопје – Вардар
Борец ФЛ – Радовиш
Струга – Куманово
Прилеп – Пролет

3.коло (12/13 април)
Вардар – Охрид
Тиквеш – Бутел Скопје
Еурофарм Пелистер – Алкалоид
Пролет – Борец ФЛ
Куманово – Прилеп
Радовиш – Струга

4.коло (16/17 април)
Охрид – Алкалоид
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер
Вардар – Тиквеш
Борец ФЛ – Струга
Прилеп – Радовиш
Пролет – Куманово

5.коло (23/24 април)
Тиквеш – Охрид
Еурофармв Пелистер – Вардар
Алкалоид – Бутел Скопје
Куманово – Борец ФЛ
Радовиш – Проллет
Струга – Прилеп

6.коло (3/4 мај)
Охрид – Бутел Скопје
Алкалоид – Вардар
Еурофарм Пелистер – Тиквеш
Борец ФЛ – Прилеп
Струга – Пролет
Радовиш – Куманово

7.коло (24/25 мај)
Еурофарм Пелистер – Охрид
Тиквеш – Алкалоид
Вардар – Бутел Скопје
Радовиш – Борец ФЛ
Куманово – Струга
Пролет – Приллеп

8.коло (27/29 мај)
Охрид – Вардар
Бутел Скопје – Тиквеш
Алкалоид – Еурофарм Пелистер
Борец ФЛ – Пролет
Прилеп – Куманово
Струга – Радовиш

9.коло (31 мај/1 јуни)
Алкалоид – Охрид
Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје
Тиквеш – Вардар
Струга – Борец ФЛ
Радовиш – Прилеп
Куманово – Пролет

10.коло (7/8 јуни)
Охрид – Тиквеш
Вардар – Еурофарм Пелистер
Бутел Скопје – Алкалоид
Борец ФЛ – Куманово
Пролет – Радовиш
Прилеп – Струга

Вардар и Еурофарм Пелистер прво на мегдан во Битола, во Скопје на 7 јуни ќе се додели титулата!

Битката за суперлигашки опстанок почнува во Прилеп, Куманово и Скопје