РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ: Вардар тргнува дома со квалификант, завршува дома со квалификант

Ракометарите на Вардар ги дознаа противниците во групната фаза од Лигата на Европа, односно делумно ги дознаа, бидејќи само еден е познат – португалскиот Порто.

Другите два ривали ќе бидат познати на 8 септември по комплетирањето на квалификациските средби. Вардар ќе игра против победниците од дуелите меѓу Мелсунген и Елверум, односно Валур и Спачва Винковци.

Натпреварите ќе стартуваат на 8 октомври, а вардарци на стартот во СЦ „Јане Сандански“ ќе ја пречекаат или исландскиот Валур или хрватската Спачва.

Дуелите со португалскиот Порто се на крајот на октомври, додека на крајот на групната фаза во Скопје ќе гостуваат или германскиот Мелсунген или норвешкиот Елверум.

Лига на Европа, распоред на натпревари:

1 коло, 08/10/2024, Вардар – Валур/Спачва Винковци
2 коло, 16/10/2024, Мелсунген/Елверум – Вардар
3 коло, 22/10/2024, Вардар – Порто
4 коло, 30/10/2024, Порто – Вардар
5 коло, 18/11/2024, Валур/Спачва Винковци – Вардар
6 коло, 26/11/2024, Вардар – Мелсунген/Елверум

Вардар доби незгодна група – еве кои се ривалите во Лигата на Европа!