Ракометен маратон – еве го распоредот на сите натпревари во младинските лиги

Претстојниот викенд ќе се одиграат голем број натпревар во пионерските, кадетските и младинските лиги.

Во машката младинска лига ќе бидат одиграни шест натпревари. Екипата на Охрид ќе бара нови бодови на гостувањето кај Еурофарм Пелистер, а Алкалоид ќе го пречека тимот на Прилеп.

Мулти Есенс, кој има осум од осум во младинската лига, ќе игра против Овче Поле. додека Младост Богданци по победата на Прилеп, ќе му се спротистави на шампионот Голден Арт.

Градско дерби на кое се очекуваат возбудувања ќе се игра меѓу Пролет и Бутел Скопје, а Тиквеш во Кавадарци ќе го пречека Еурофарм Пелистер 2.

Младинци, 9. коло:

26/11, 18:30, Пролет – Бутел Скопје
25/11, 11:30, Еурофарм Пелистер – Охрид
28-29/11, Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2
26/11, 15:30, Младост Богданци – Голден Арт
25/11, 11:00, Алкалоид – Прилеп
27/11, 19:00, Мулти Есенс – Овче Поле
Вардар слоб.

Во женската младинска лига веќе се одигра еден натпревар, кој тимот на Спартак го доби против Илинден Вардар со убедливи 40-28. Дерби ќе има меѓу Куманово и Вардар, а Ѓорче Петров ќе бара бодови против Скопје.

Младинки, 6. коло:

Спартак – Илинден Вардар 40-28
29-30/11, Куманово – Вардар
29-30/11, Ѓорче Петров – Скопје
Шампион слоб.

Продолжува кадетската лига во машка конкуренција, каде се игра 4. коло во групите А и Б, а 5 коло во групата В.

Во група А, Охрид беше убедлив против Скопје, Струга гостува кај Прилеп, а Кузман Вардар оди на мегдан со Еурофарм Пелистер.

Во група Б, вториот тим на Еурофарм Пелистер ќе игра против Мулти Есенс во Битола. Голден Арт оди на гостување кај Партизан Гевгелија, Младост Богданци ќе бара бодови против Вардар Неготино, а Тиквеш е домаќин на Вардар.

Кадети, 4/5. коло:

Група А
27/11, 19:00, Прилеп – Струга
Охрид – Скопје 39-27
25/11, 14:30, Кузман Вардар – Еурофарм Пелистер
Преспа Вардар слоб.

Група Б
25/11, 16:00, Еурофарм Пелистер 2 – Мулти Есенс
25/11, 14:00, Младост Богданци – Вардар Неготино
Партизан Гевгелија – Голден Арт 20-36
26/11, 11:00, Тиквеш – Вардар

Група В, 5. коло
29/11, 20:00, Алкалоид – Куманово
25/11, 11:00, Аеродром – Борец
Бутел Скопје – Астраион 40-18
Македонија Ѓорче Петров слоб.
Бисинов слоб.

Во женската кадетска лига се игра 6 коло и на програмата ќе бидат четири меча. Стружанка против Илинден Вардар ќе бара зачувување на првото место кај кадетките, Вардар е фаворит на домашен терен против  Јехона.

Ѓорче Петров е домаќин на Делчево Вардар, додека Гевгелија ќе го пречека тимот на Чаир.

Кадетки, 6. коло:

25/11, 12:00, Стружанка – Илинден Вардар
26/11, 15:00, Ѓорче Петров – Делчево Вардар
27/11, 19:30, Гевгелија – Чаир
25/11, 12:30, Вардар – Јехона

Во машката пионерска лига ќе се одиграат голем број на натпревари.

Во група А, Охрид е фаворит портив Асови Вардар. Голден Арт против Струга ќе бара зачувување на второто место на табелата. Еурофарм Пелистер игра против Вардар, а  Динг ќе го пречека последниот тим на табелата Јуниор Кисела Вода.

Во група Б, одиграни две средби – Алкалоид триумфираше против Илинден Вардар со 28-7, и Еурофарм Пелистер победнички против Тиквеш со 21-13. Прилеп е домаќин на Голден Арт Аеродром, а Вардар Неготино ќе игра со Скопје.

Во група В, градски двобој ќе има меѓу Бутел Скопје и Пролет. Куманово оди на победа против Астраион, Бисинов на домашен терен ќе игра против Радовиш, додека Аеродром ја пречекува Македонија Ѓорче Петров.

Пионери, 7. коло:

Група А
25/11, 16:00, Асови Вардар – Охрид
26/11, 11:00, Еурофарм Пелистер 2 – Вардар
26/11, 13:30, Струга – Голден Арт
25/11, 14:30, Динг – Јуниор Кисела Вода
Мулти Есенс слоб.

Група Б
Еурофарм Пелистер – Тиквеш 21-13
26/11, 11:00, Прилеп – Голден Арт Аеродром
Алкалоид – Илинден Вардар 28-7
26/11, 13:00, Варар Неготино – Скопје
Младост Јуниори слоб.

Група В
26/11, 12:00, Астраион – Куманово
26/11, 10:00, Бутел Скопје – Пролет
26/11, 12:00, Аеродром – Македонија Ѓорче Петров
25/11, 12:00, Бисинов – Радовиш
28-29/11, Текстилец – КЛ7 Свети Николе

Во женската пионерска лига ќе има осум меча. Во група А, Вардар продолжува со максимален учинок откако славеше кај Кузман Вардар Илинден со 32-15, а Металург Автокоманда ќе игра со Овче Поле Су.

Старк е домаќин против Делчево Вардар, додека Астибо ќе брка победа против Младост Богданци.

Во група Б ќе има езерски двобој меѓу Лихнид и Стружанка, а дербито се игра меѓу Ѓорче Петров и Металург. Деспина ја пречекува екипата на Младост Јуниори, додека Пелистер ќе ја нагости екипата на Чаир.

Пионерки, 6. коло:

Група А
25/11, 12:00, Старк – Делчево Вардар
26/11, 11:00, Металург Автокоманда – Овче Поле СУ
26/11, 12:00, Младост Богданци – Астибо
Кузман Вардар Илинден – Вардар 15-32

Група Б
26/11, 11:00, Лихнид – Стружанка
25/11, 13:00, Деспина – Младост Јуниори
25/11, 12:00, Ѓорче Петров – Металург
25/11, 13:30, Пелистер – Чаир