Ракометарките подготвени за првата пресметка со Полска вредна СП

Женската сениорска репрезентација на Македонија ги изврши последните подготовки за првиот натпревар од баражот против Полска за пласман на Светското првенство 2025.

Избраничките на Кристијан Грчевски вечерва ќе атакуваат на изненадување, а пред вечерашниот натпревар, имаа последна проверка на силите.

Од оние 19 кои беа во комбинација за настап, во составот не се Матеа Чурлиновска, Пена Граматова и Емилијана Ризоска.

Натпреварот меѓу Полска и Македонија е закажан за 20:30 часот, додека реванш средбата ќе се одигра на 12 април во Битола.

Правдата на денешниот дуел ќе ја делат Михаела Парашив и Георгијана Мурариу од Романија, а делегат на мечот е Тадас Јансонас од Литванија.