Рајн Некар му плати 100.000 евра на Келце за Јагањац

Некогашниот ракометар на Металург, Халил Јагањац, и во иднина ќе го носи дресот на бундеслигашот Рајн Некар Левен.

Тој имаше договор на три сезони со Рајн Некар кој завршува претстојното лето, а потоа уште една со Келце.

Сепак нема да го одработи договорот со полскиот тим, кој за 100.000 оштета го ослободи и Јагањац ја продолжи соработката со „лавовите“.

Иако имаше големи проблеми со рамото последниот период, сепак ужива голема доверба во Манхајм, а веќе се врати на теренот и почна да влегува во форма.

Пред да заигра за Рајн Некар Левен, Јагањац беше дел од Нексе Нашице, а во фокусот на европската јавност влезе додека играше за Металург.