Радовиш се прошета низ Ѓорче Петров, сега има четири од четири

Радовиш ја продолжи победничката серија во прволигашката конкуренција и триумфираше на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров со 37-25.

Иако се очекуваше понеизвесен натпревар, сепак гостинските ракометари уште по првиот дел го решија прашањето на победникот.

Момците на Љупче Мијалов, предводени од искусниот Зоран Стојановски со десет гола водеа со 18-10, а во вториот дел само рутински ја одработија задачата.

Покрај Стојановски, во составот на Радовиш се истакнаа Ончев и Петров со по шест погодоци, додека во составот на Македонија ЃП, најдобар стрелец беше Ѓиноски со шест гола.

Сега Радовиш има четири победи на четири натпревари, исто колку и Бисинов од Велес, а токму овие две екипи ќе играат меѓусебе следниот викенд во Радовиш.