Тимот на Радовиш пред домашната публика триумфираше над Шампион со 37:30 во последниот натпревар од плеј-оф фазата од Првата лига.
За двете екипи овој натпревар повеќе беше од формален карактер, бидејќи Радовиш заврши на второто место на табелата, додека Шампион остана на последното место во прволигашкиот плеј-оф.
Радовиш со освоеното второ место си обезбеди суперлигашки бараж и за влез во елитата ќе се бори со третопласираниот од суперлигашкиот плеј-оф (Куманово, Еурофарм Пелистер 2 или Прилеп).
Домаќините победата ја најавија уште во првиот дел, на пауза заминаа со предност од 17:10 и рутински ги одработија вторите 30 минути.
Предводник во тимот на Радовиш беше Костадин Ѓоргиев со 11 погодоци, а во скопскиот тим се истакна Христијан Сибиновски со гол помалку, односно 10.