Радовиш и Младост по бодови на гости, Металург РА фаворит против Партизан Гевгелија

Денеска ќе продолжат натпреварите во прволигашката конкуренција, во која неколку екипи имаат високи амбиции за камбек во елитата. Тимот на Радовиш, кој во минатата сезона не успеа да го сочува суперлигашкиот статус, кој има само еден пораз во седум кола.

Радовишани во натпревар од 8. коло ќе гостуваат во Свети Николе кај екипата на Овче Поле, која во рамки од групата Б се наоѓа на 5. позиција со биланс од една победа, едно реми и четири порази.

Во споменатата група, тимот на Металург РА на свој терен ќе го пречека Партизан Гевгелија и ќе се обиде да ги освои бодовите, со кои ќе остане во игра за првата позиција на табелата.

Моментално, последнопласираниот тим Македонија Ѓорче Петров пред домашната публика ќе атакува на бодови против Кичево, кој се наоѓа на 4. позиција во својата група.

Во групата А, Драчево е пред сигурни три бода против Борец, додека Младост Богданци, кој нема загубено досега, ќе има гостување во Штип кај Текстилец и ја има фаворитската улога.

Преспа Вардар на домашен терен ќе бара бодови против струмички Астраион, додека Јехона е фаворит за триумф на домашниот натпревар против Шампион.

Прва лига, 7 коло, распоред:

Група А
04/11, 11:30, Драчево – Борец
04/11, 19:00, Преспа Вардар – Астраион
05/11, 12:00, Текстилец – Младост Богданци
05/11, 18:30, Јехона – Шампион

Група Б
04/11, 16:30, Металург РА – Партизан Гевгелија
04/11, 19:00, Овче Поле – Радовиш
05/11, 19:00, Македонија Ѓорче Петров – Кичево
Бисинов слоб.