Радивојевиќ: Се уште се е во нашите раце – има време за пресврт

Десното крило на Еурофарм Пелистер, Богдан Радивојевиќ имаше одлична партија на дуелот со Киелце во 6. коло од ЕХФ лигата на шампионите, постигнувајќи 6 гола. На крајот иако имаше драма на теренот, полскиот им триумфираше со 24-21. За битолчани е важно што иако имаа негатива во текот на мечот, успеаја да се вратат во игра.

„На овој меч одигравме како што сите очекуваат од нас, и публиката, „на глава“ на секој меч, за секоја топка, како „змаеви“, сите за тимот. Тоа ни е целта, а потоа сакаме и да победиме, и но тие се поискусни од нас. Тоа пресуди. Мораме да работиме за нас на средните натпревари, вели Богдан Радивојевиќ.

Сега има пауза во Лигата на шампионите поради ЕХФ репрезентативната недела, што секако добро ќе им дојде на ракометарите.

„Добро ќе дојде оваа пауза во ЕХФ неделата, ќе се вратите посвежи на следните. Имаме време да се спремиме. Можеме да ја свртиме ситуација во наша корист. Сее во наши раце. Тоа го знаеме и се надевам дека ќе успееме да ја смениме сегашната ситуација, вели Радивојевиќ.

 

Еурофарм Пелистер храбро се бореше до крај, но Келце ги однесе бодовите