Ракометарите на ПСЖ на гостувањето во Унгарија кај ПИК Сегед триумфираа со 31:30 (14:13) во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите
До речиси 43-та минута се играше гол за гол, а гостите во последните дваесетина минута успеаја да го скршат отпорот на домашниот тим.
По предноста на ПИК Сегед од 20:19, избраниците на Гонзалез направија серија од 4:0 за предност од 23:20.
Од тој момент, па до финишот, францускиот тим беше во постојана преднос, но без голема комоција во играта, а во еден момент дојде и до плус четири, 28:24.
Домаќините не се предаваа, намалија на 29:28, имаа напад за нерешено, но не успеаја да организираат добар напад.
Двете екипи до крајот постигнаа по два гола, па така гостинскиот тим во реванш натпреварот ќе влезе со гол предност.
Реванш натпреварот меѓу ПИК Сегед и ПСЖ ќе се одигра на 3 април во Париз.