Првото коло од квалификациите за ЕП без изненадувања, паднаа две „50-ки“

Со натпреварот меѓу Романија и БиХ беа отворени квалификациите за пласман на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Како што е познато, македонската репрезентација во првото коло од квалификацискиот циклус триумфираше над Азербејџан со 40:17.

И останатите натпревари немаше изненадувања, фаворитите одработија според планот.

Шпанија и Литванија, две репрезентации кои се ривали на Македонија од квалификациската група, го имаа првиот меѓусебен дуел.

Според очекувањата, вицепрвакот од 2019 година дојде до лесен триумф над балтичката земја со 47:17.

Квалификации за ЕП 2024, резултати:

Романија – БиХ 49-17

Словенија – Летонија 51-13

Чешка – Финска 31-21

Црна Гора – Турција 39-23

Хрватска – Грција 32-22

Македонија – Азербејџан 40-17

Србија – Бугарија 40-16

Шпанија – Литванија 47-14

Франција – Италија 50-16

Исланд – Луксембург 32-14

Шведска – Фарски Острови 37-20

Холандија – Португалија 38-27

Германија – Украина 31-24

Данска – Косово 44-17