Дерби во Радовиш, Овче Поле го чека Кичево – двата меча со хуманитарен карактер

Денеска во рамки од 2. коло од прволигашкиот плеј-оф ќе се одигра дерби дуелот меѓу екипите на Радовиш и Бисинов од Велес.

Двете екипи се сретнаа во регуларниот дел од сезоната, на двата натпревари триумфираше Бисинов, на првиот со 35:32 и на вториот дуел со 26:25.

Бисинов и Радовиш настапот во плеј-офот го стартуваа победнички, клубот од Велес во првото коло славеше над Шампион, додека Радовиш беше подобар од Металург Автокоманда.

Натпреварот меѓу Радовиш и Бисинов ќе се одигра во спортската сала „25 Мај“ со почеток од 18:30 часот.

Средствата од влезниците, кои изнесуваат 50 денари, ќе бидат наменети за хуманитарни цели за помош во лекувањето на поранешната ракометарка Сандра.

Во рамките на прволигашкиот плеј-аут, Овче Поле во Свети Николе ќе го пречека составот на Кичево. Овој натпревар се игра денеска од 14:30 часот, а исто така има хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат наменети за лекување на млада девојка од Свети Николе.