Italia Italy - Belgio Belgium IHF - EHF MEN’S WORLD CHAMPIONSHIP 2025 Qualification Europe Phase 2 Part 1 Pescara, 17/03/2024 Foto di Luigi Canu - FIGH

ПРВОКЛАСНА СЕНЗАЦИЈА: Италија ја победи Црна Гора со шест гола разлика

Италија со победата над Црна Гора од 32:26 (16:15) го направи најголемото изненадување во првите натпревари од баражите за пласман на Светското првенство 2025.

Репрезентацијата на Црна Гора денес целосно потфрли во играта и ќе мора на реванш дуелот во Подгорица да ја надомести негативата од шест гола.

Италијанците во секој сегмент од играта беа подобри од изрбаниците на Владо Шола и заслужено дојдоа до посакуваниот триумф, со кој се многу блиску до пласман на Мундијалот следната година.

На теренот доминираше десното крило Умберто Бронзо, кој натпреварот го заврши како најефикасен, беше незапирлив со 13 погодоци.

Во црногорскиот табор прво име со седум погодоци беше Василије Калуѓеровиќ, по четири запишаа Бранко Вујовиќ и Вуко Борозан.