Екипата на Пролет без никакви проблеми славеше против Партизан Гевгелија со 43:28 и закажа финале против избраниците на Кире Лазаров за пласман на Ф4 турнирот од Купот на Македонија.
Избраниците на Матлиески уште во првиот дел ја оправдаа фаворитската улога, на полувреме заминаа со предност од 25:14, па вторите 30 минути беа само чиста рутина за суперлигашот.
Финалето меѓу Пролет и тимот на Кирил Лазаров, кој претходно со комбиниран состав го надигра Мулти Есенс, е закажано за денес од 20:00 часот, по што ќе бидат познати сите патници на Ф4 од Купот.
На Ф4 веќе се пласираа Вардар, Еурофарм Пелистер и Охрид, а минатата година победници во Купот беа токму „сино-белите“ од Автокоманда.
Куп на Македонија, групна фаза, распоред:
група 1 (сала Автокоманда)
Алкалоид – Мулти Есенс 37-12
Партизан Гевгелија – Пролет 28-43
20:00, Алкалоид – Пролет
група 2 (сала Боро Чурлевски)
Еурофарм Пелистер – Куманово 43-30
Радовиш – Струга 43-34
Еурофарм Пелистер – Радовиш 50-25
група 3 (сала Боро Чурлевски)
Борец – Еурофарм Пелистер 2 0-10
Вардар – Бутел Скопје 33-30
Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 25-28
група 4 (сала Билјанини Извори)
Прилеп – Охрид 27-32
Тиквеш – Аеродром 41-30
Oхрид – Тиквеш 34-25