Бранителот на трофејот го „тепаше помалиот брат“ – уште една пречка до Ф4

Актуелниот освојувач на Купот – „сино-белите“ од Автокоманда, успешно ја стартуваа одбраната на трофејот.

Избраниците на Кирил Лазаров по европските, им се вратија на домашните обврски и славеа според очекувањата против „помалото братче“ – „витамините“ од Автокоманда со 37-12.

Најдобар стрелец во победничкиот тим со десет погодоци беше Давид Саврески, додека во поразениот се истакна Јован Петрески со пет гола.

Последна пречка пред нов пласман на завршниот турнир во Купот за момците на Лазаров ќе биде победникот од дуелот меѓу Пролет и Партизан Гевгелија.

На Ф4 веќе се пласираа Вардар, Еурофарм Пелистер и Охрид.

Куп на Македонија, групна фаза, распоред:

група 1 (сала Автокоманда)
Алкалоид – Мулти Есенс 37-12
29/04, 15:30, Партизан Гевгелија – Пролет
29/04, 20:00, финале

група 2 (сала Боро Чурлевски)
Еурофарм Пелистер – Куманово 43-30
Радовиш – Струга 43-34
Еурофарм Пелистер – Радовиш 50-25

група 3 (сала Боро Чурлевски)
Борец – Еурофарм Пелистер 2 0-10
Вардар – Бутел Скопје 33-30
Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 25-28

група 4 (сала Билјанини Извори)
Прилеп – Охрид 27-32
Тиквеш – Аеродром 41-30
Oхрид – Тиквеш 34-25