Пролет и Лембанов “раскинаа”

Тимот на Пролет обjaви дека спогодбено е прекината соработката со шефот на стручниот штаб, Алексо Лембанов, и ja прифати неговата оставка поднесена по поразот од Вардар Неготино пред две седмици.

Овој стручњак мина неколку години во Пролет, најпрвин работејќи со младите категории како помошник во стручниот штаб, а во последните две години беше и прв тренер.

Функцијата ВД-тренер ќе ја извршува Илија Темелковски, под чие водство екипата успеа да слави во Прилеп и да остане во трка за поеj-оф.

Клубот во меѓувреме ќе биде во интензивна потрага по долгорочно решение за функцијата шеф на стручниот штаб.