Бутел, Тиквеш, Пролет и Прилеп со меѓусебна разлика од два бода влегуваат во трка за двете места што водат во плејофот. Двете екипи што ќе влезат во плејоф ќе бидат „мирни“ бидејќи со сигурност ќе обезбедат место и следната сезона во елитата, а другите ќе мора да играат плеј аут и да се борат за опстанок.
По речиси двомесечна пауза утре продолжуваат натпреварите од машката Супер лга, каде треба да се одиграат уште шест кола од регуларниот дел од сезоната, по што веднаш ќе почнат мечевите за титула и за опстанок. Најинтересно ќе биде кои две екипи ќе бидат заедно со Вардар, Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Охрид во шесторката што ќе разигрува за тутулата.
Бутел, Тиквеш, Пролет и Прилеп со меѓусебна разлика од два бода влегуваат во трка за двете места што водат во плејофот. Двете екипи што ќе влезат во плејоф ќе бидат „мирни“ бидејќи со сигурност ќе обезбедат место и следната сезона во елитата, а другите ќе мора да играат плеј аут и да се борат за опстанок.
Според Пропозициите првите шест ќе разигруваат за плејоф, а другите во плејаут. Првиот и седмопласираниот ќе пренесат по три бода (плејоф и плејаут), вториот и третопласираниот, и 8 и 9 на табелата ќе пренесат по 2 бода, четвртопласираниот, петтопласираниот и 10 и 11 ќе пренесат по 1 бода, а последните, 6 и 12 место ќе стартуваат без бодови.
Екипите на Бутел и на Тиквеш по 16 одиграни кола имаат 16 бода, два повеќе од Пролет и Прилеп. Во случај на ист број бодови, се гледа меѓусебниот биланс, а ако има три или повеќе екипи се прави табела од меѓусебните средби.
На врвот борбата за првата стартна позиција ќе се води меѓу двете скопски екипи Вардар и Алаклоид и битолски Еурофарм Пелистер. Разликата меѓу нив е 2 бода во корист на сините од Автокоманда. Охрид е четвртоплаисран и се уште од позадина може некому да замрси сметки, иако тоа е уште поверојатно во плејофот.
На хартија „најлесен„ распоред има Вардар бидејќи треба да има само едно дерби со Охрид на гости.
Еурофарм Пелистер треба да биде домаќин на Охрид, а потоа му гостува на Алкалоид..
Алкалоид гостува во Битола, и во последното коло го пречекува Охрид.
Охрид има дури три дерби дуели со директните ривали, домаќин е на Еурпфарм Пелистер и на Вардар, а треба да гостува кај Алкалоид.
Во борбата за опстанок сигурно ќе играат Куманово, Борец ФЛ, Струга и Радовиш. Сите се засилија и се подготвуваат за плејаутот, каде ќе имаат директни дуели со ривалите за опстанок. Последнопласираниот тим испаѓа директно, а 11 пласираниот ќе игра бараж со второпласираниот од Прва лига.
Двојки за 17 коло – сабота, 8 февруари
18 ч. Пролет – Вардар
16,30 ч. Еурофарм Пелистер – Куманово
18 ч. Борец ФЛ – Охрид
18 ч. Струга – Алкалоид (сала Автокоманда)
12 ч. Тиквеш – Радовиш
18,30 ч. Прилеп – Бутел
ТАБЕЛА