Проблематичниот Борозан има нов клуб – се сели во Саудиска Арабија!

Довчерашниот ракометар на Ловќен, Вуко Борозан, по настапот на Европското првенство си обезбеди трансфер во Саудиска Арабија и во следните шест месеци ќе го носи дресот на Ал Хада.

Левиот бек на почетокот на оваа сезона беше претставен како големо засилување во црногорскиот шампион Ловќен, но двете страни спогодбено го раскинаа договорот.

Причина за раскинувањето на договорот беше лошото однесување на Борозан кон неговите колеги на дуелот против Фленсбург во рамки од Лигата на Европа.

29-годишниот ракометар во својата кариера настапуваше и за екипите на Вардар, Металург, Либек, Веспрем, Карловац, Ал Ахли…

Борозан со тимот на Вардар ја освои титулата во Лигата на шампионите во сезона 2016/27 и го напушти Скопје само неколку недели пред Вардар да го освои вториот шампионски пехар во Келн.

Црногорскиот репрезентативец во сезона 2022/23 требаше да биде нов играч во редовите на Загреб, но хрватскиот првак уште пред да започне сезоната го раскина договорот со проблематичниот играч.

Не го држи место – Борозан доби отказ од Ловќен!

 

 

Борозан пцуеше во Фленсбург, тренерот Милошевиќ го седна на клупа по три минути игра (ВИДЕО)