Ракометарите на Прилеп без проблеми успеаја да стигнат до победа против Јехона со 40:17 (19:12) во натпревар од елиминациското коло во Купот на Македонија.
Прилепчани против прволигашот покажаа „кој е кој“ на денешниот дуел и со пола сили остварија убедлива победа која ги носи во следната рунда, односно меѓу најдобрите 16 екипи.
Гостите од Гостивар, кои прикажуваат солидни партии во прволигашката конкуренција, во воведните десет минути парираа, на моменти водеа, но домаќините полека фаќаа ритам и започнаа од минута во минута да создаваат недостижна предност.
Тренерот на Прилеп, Божидар Мојсов, одлично ја распореди минутажата на домашната клупа, на дел од првотимците им даде заслужен одмор, а шанса добија помладите ракометари.
Сепак, сликата на теренот не се смени воопшто, домаќините продолжија во уште поголема брзина и не дозволија гостинот да ја преполови разликата. Прилеп во вториот дел го красеше цврста одбрана, прими само пет гола, а во напад постигна дури 21 гол.
Одлична партија во дресот на Прилеп имаше левото крило Давид Трајкоски со 11 погодоци, седум додаде средниот бек Ангел Крстески, пет реализации имаше Христи Бикоски.
Кај гостите се истакна Дамјан Наумовски со седум погодоци, три помалку постигна Новица Михајовски.
Куп на Македонија, елиминации:
Борец – Пролет 11-49
Прилеп – Јехона 40-17
07/12, 20:00 Куманово – Текстилец
08/12, 14:00 Астраион – Струга
08/12, 17:30 Голден Арт – Аеродром
08/12, 18:00 Бутел Скопје – Македонија ЃП
08/12, 19:00 Драчево – Алкалоид
08/12, 19:15 Партизан Гевгелија – Тиквеш
09/12, 14:00 Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле
09/12, 17:00 Преспа Вардар – Радовиш
09/12, 17:00 Бисинов – Мулти Есенс
09/12, 17:00 Еурофарм Пелистер – Шампион
10/12, 13:00 Кичево – Вардар Неготино
10/12, 14:00 Младост Богданци – Охрид
10/12, 16:00 Металург РА – Скопје