По кружниот напаѓач Александар Тренчевски, тимот на Прилеп го промовираше второто засилување пред стартот на новата сезона.
Станува збор за средниот бек Божидар Илиески, кој се враќа во родниот град, откако настапуваше во Скопје за Голден Арт, како и за двата тима од Автокоманда.
Покрај на средната бековска позиција, Илиески може да покрие и на лево крило, па стратегот Божидар Мојсов добива повеќе опции со неговиот ангажман.
Прилепчани оваа сезона од првото место во суперлигашкиот плеј-аут го обезбедија опстанокот и во новата сезона ќе влезат со големи амбиции.