Џатевска ефикасна на пријателските натпревари на Сомбатељ

Македонската репрезентативка Ивана Џатевска ги одигра првите пријателски средби во претсезоната со унгарскиот Сомбатељ.

Тимот на Џатевска запиша реми и победа над чешката екипа Хазена Кинжарт, која гостуваше во Унгарија.

Првиот меч заврши реми, 30-30, Џатевска постигна три погодоци, додека на втората средба славеше убедливо.

Сомбатељ ја однесе победата со 42-33, а македонската репрезентативка имаше пет реализации во противничката мрежа.