Новиот прволигаш Илинден активно работи на формирање на тренерскиот и играчкиот ростер за претстојната сезона во прволигашката конкуренција.
По промоцијата на Дарко Јанев за прв тренер, клубот го промовираше и неговиот асистент, Дејан Пецаковски.
Поранешниот македонски репрезентативец последно работеше во ЖРК Атлетик, а сега одново се враќа во машкиот ракомет.
Битолчанецот беше дел и од младинските селекции на Македонија, а потоа настапи на ЕП 2014 и за сениорите.
Потекнува од школата на Еурофарм Пелистер, беше дел од Металург, Вардар, Зомимак Струмица, Еурофарм Работник, тунискиот Клуб Африкан, а кариерата ја заврши во тимот на Пролет.
Тимот на Илинден го формираа актуелни и поранешни репрезентативци на Македонија – Гоце Георгиевски, Марио Танкоски, Жарко Пешевски и Давид Савревски.

























