Андреа Илиќ пред трансфер во Чешка!

Ол-стар голманката во идеалниот тим од Супер лигата во изборот на 24Ракомет за минатата сезона, Андреа Илиќ, се наоѓа пред трансфер во странство.

Според информациите на 24Ракомет, Илиќ е пред склопување на договор со една од екипите што се дел од МОЛ Регионалната лига.

Во оваа конкуренција настапуваат екипи од Словачка и Чешка, а Илиќ веќе е „пикирана“ од еден од нив.

Одличната голманка потекнува од Металург, а потоа долго време го бранеше голот на „црвено-црните“ до ова лето.

Веќе е стандардна сениорска репрезентативка и имаше одлични партии во квалификациите за ЕП 2026.