Во Битола играше четири сезони, сега има нов клуб во Австрија

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Павле Петровиќ, во новата сезона ќе ги браните боите на австрискиот тим Барнбах.

Десниот бек го смени клубот, но не ја смени државата и идната сезона за него ќе биде втора во Австрија по четири години во Македонија.

Петровиќ во Битола пристигна во јануари 2021 година, каде што настапуваше најпрво за Еурофарм Пелистер 2, а потоа и за првиот тим. По заминувањето од македонскиот клуб, кариерата ја продолжи во Австрија, каде што го носеше дресот на Линц.

Босанскиот репрезентативец имаше одлична сезона во австриското првенство и беше еден од најважните играчи на Линц. На 20 натпревари постигна 91 гол и даде значаен придонес во настапите на својот тим.

Македонија беше неговата прва интернационална дестинација, а токму во дресот на Еурофарм Пелистер стекна драгоцено искуство настапувајќи во Супер лигата и на европската сцена.