Прилеп го води орото во плеј-аут, следуваат Еурофарм Пелистер 2, Куманово, Вардар Неготино…

Ракометарите на Прилеп се предводници во плеј-аут фазата, откако по три одиграни кола имаат 100% учинок, односно три победи и 11 бодови на свое конто.

Прилепчани во првото коло триумфираа над Скопје, во второто славеа над Голден Арт, додека во изминатото коло ги освоија бодовите против Мулти Есенс триумфирајќи со 34:31.

Доколку тимот предводен од Божидар Мојсов продолжи во ист ритам и според планираното, тогаш љубителите на ракометот во Прилеп и во следната сезона ќе гледаат суперлигашки натпревари.

Прилеп е блиску до опстанок во елитата, но на следните три дуели, против главните конкуренти Куманово, Вардар Неготино и Еурофарм Пелистер 2, ќе треба да го даде максимумот.

Во трка за првите две места на табелата се вклучи Вардар Неготино, кој во 3. коло на свој терен го совлада Еурофарм Пелистер со 24:23 и дојде до втор триумф во плеј-аут фазата. Неготинци иако битката за опстанок ја стартуваа со пораз кај Куманово, сепак, ракометарите на Игор Котевски веднаш го заборавија лошиот старт.

Амбициозниот Куманово, кој пред извесен период донесе ново засилување во своите редови, на свој терен го совлада Скопје со 32:26.

За Куманово пораз или реми во дуелот со Скопје ќе значеше неуспех, бидејќи тимот има амбиции да го сочува сиперлигашкиот статус. Куманово во 4. коло ќе гостува кај Голден Арт и ќе атакува на нови три бодови.

Резултати, плеј-аут, 3. коло:

Куманово – Скопје 32:26 (ИЗВЕШТАЈ)
Прилеп – Мулти Есенс 34:31 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар Неготино – Еурофарм Пелистер 2 24:23 (ИЗВЕШТАЈ)
Голден Арт слоб.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП971124
2МРК КУМАНОВО971123
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2960321
4ВАРДАР НЕГОТИНО960318
5МУЛТИЕСЕНС941414
6ГОЛДЕН АРТ921610
7СКОПЈЕ 202092076
8АЕРОДРОМ90092

Распоред, плеј-аут, 4. коло:

Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2
Скопје – Вардар Неготино
Голден Арт – Куманово
Прилеп слоб.