Прилеп чекори кон опстанок, славеше и над дебитантот

Ракометарите на Прилеп на свој терен го совладаа Мулти Есенс со 34:31 во натпревар од 3. коло во суперлигашкиот плеј-аут и сега имаат „три од три“ во борбата за опстанок. Прилепчани доколку продолжат во ист ритам, тогаш и наредната сезона ќе биде дел од најсилната конкуренција во Македонија.

По израмнетиот старт и нерешените 5:5 во воведните десет минути, домаќините направија серија од 3:0 и кон средината на првото полувреме имаа предност од 8:5. Овие три гола предност за избраниците на Мојсов не беа никаква гаранција за победа, бидејќи дебитантот во 15 минута намали на 9:8.

Прилеп до 20 минута имаше контрола, но немаше голема комоција во играта, па така гостите од Автокоманда во 22 минута дојдоа до израмнување на резултатот, 12:12. По камбекот на гостинот се консолидираа домаќините, кои на пет минути пред крајот ја вратија максималната предност победувајќи со 16:13.

Гостите можеа да имаат нерешен резултат на полувреме, но расположениот Ангелоски не дозволуваше лесно да биде совладан. Домаќините искористија дел од грешките на ривалот и на полувреме заминаа со минимална предност од два гола разлика, 18:16.

На стартот на вториот дел гостинот за ја презеде контролата откако постигна три гола во низа и поведе со 19:18. Кризата во домашниот табор ја прекина левото крило Бикоски, кој израмни на 19:19, потоа Цветаноски реализираше за 20:19.

Следуваше игра гол за гол, потоа домаќините повторно влегоа во брзина. Во 45 минута резултатот беше 25:25, пет минути подоцна, односно во 50 минута, 29:26. Гостите до крајот не можеа да го запрат налетот на домаќините и мораа да се помират со поразот, за нив втор во плеј-аут фазата.

Најефикасен во победничката екипа беше средниот бек Владан Кастратовиќ со осум погодоци, шест додаде десното крило Денис Шабановиќ, пет реализации имаше левиот бек Никола Цветаноски. Во поразениот табор Димитар Узунчев беше најрасположен со десет погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП861121
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2860221
3МРК КУМАНОВО861120
4ВАРДАР НЕГОТИНО850315
5МУЛТИЕСЕНС841314
6ГОЛДЕН АРТ821510
7СКОПЈЕ 202092076
8АЕРОДРОМ90092