Прилеп денеска заминува на подготовки во Србија

Тимот на Прилеп втората фаза од подготвителниот период ќе ја помине во соседна Србија.

Избраниците на Божидар Мојсов ќе одиграат неколку контролни натпревари против српскиот суперлигаш Дубочица.

Составот на тимот е надополнет со две нови имиња, левиот бек Ангелче Органџиев и бразилскиот интернационалец Ерик Андраде, кој е на пробен период.

Прилепчани по враќањето од Србија ќе продолжат со тренинзите и ќе тестираат со екипата на Тиквеш.

Вториот дел од сезоната ќе започне на 10/11 февруари, а прв ривал на Прилеп во борбата за опстанок е Скопје.