Тимот на Кире Лазаров ја продолжи победничката серија во Супер лигата, откако во натпревар од 4. коло на свој терен славеше против Прилеп со 45:23.
Домаќинот денешната задача си ја заврши уште во првиот дел, кој го доби со 23:13 и рутински ги одигра вторите 30 минути.
Гостите од Прилеп на овој натпревар настапија без еден од главните стрелци – левиот бек Никола Цветаноски, но неговите соиграчи одиграа лошо во Автокоманда.
Најефикасен во победничката екипа беше Никола Костоски со седум погодоци, по пет постигнаа Мартин Серафимов, Игор Ѓорѓиев и Франциско Оливеира.
Кај Прилеп прво име беше кружниот напаѓач Томислав Квастек со четири реализации во мрежата на домашниот тим.
Ракометарите на Лазаров во следното, 5 коло за ривал ја имаат екипата на Вардар, додека Прилеп пред својата публика ќе го пречека Радовиш.