Од 29 август до 1 септември ракометниот клуб Прилеп ќе го организира 9. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“.
Покрај домаќинот на овој турнир, што се игра во чест на некогашниот македонски репрезентативец, ќе играат уште три екипи од Македонија и две странски.
Гости во Прилеп на крајот на летото ќе бидат екипите на Куманово, Охрид и Тиквеш, како и српскиот тим Врање и грчкиот ПАОК.
Прилепските и македонските љубители на ракометот и оваа година ќе имаат можност да уживаат во интересни натпревари.
Групите, како и распоредот на натпреварите на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ ќе бидат познати дополнително.