Од 29 август до 1 септември ракометниот клуб Прилеп ќе го организира 9. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“.
Покрај домаќинот на овој турнир, што се игра во чест на некогашниот македонски репрезентативец, ќе играат уште четири екипи од Македонија и една од странство.
Гости во Прилеп на крајот на летото ќе бидат екипите на Куманово, Охрид, Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2, кој ќе го замени претходно најавениот ПАОК од Солун.
Единствена странска екипи ќе биде составот на Врање, која ја води селекторот на младинците на Србија, Ѓорѓе Теодоровиќ, а таму ќе игра Македонецот Даниел Андоновски.
Прилепските и македонските љубители на ракометот и оваа година ќе имаат можност да уживаат во интересни натпревари.
Групите, како и распоредот на натпреварите на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ ќе бидат познати дополнително.