Главниот тренер на ПИК Сегед, Кристијан Карпати, во следната сезона повторно ќе работи во академијата на унгарскиот вицепрвакот.
Како што е познато, тимот на ПИК Сегед од претстојното лето ќе биде предводен од Швеѓанецот Микаел Апелгрен, а со него во пакет ќе пристигне легендарниот Јонас Калман.
Карпати паралелно ќе работи и во стручниот штаб на сениорскиот тим на ПИК Сегед, односно ќе им помага на Апелгрен и Калман.
Асистентот на Карпати, Владан Јордовиќ, ќе продолжи на истата функција како пред една година, ќе биде спортски директор на младинската екипа.
ПИК Сегед беше ривал на Еурофарм Пелистер во групната фаза во Лигата на шампионите и успеа да избори пласман во осминафиналето.