Младинската женска репрезентација на Македонија денеска ја очекува првиот предизвик во главната рунда на Мундијалот.
Ривал е Португалија, а селекторот Дарко Јанев и неговиот стручен штаб го одредија составот на Македонија.
Ракометарките што беа во ростерот за мечот со Ангола, и денеска ќе бидат на терен против Португалија.
Натпреварот меѓу Македонија и Португалија се игра денеска во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 16:15 часот.