Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра првиот натпревар во битката за пласман од 17 до 24 место.
Избраниците на Наум Танески ќе соочат со селекцијата на Украина, која исто така загуби три пати во групната фаза.
Европската ракометна федерација ги објави составите на двете селекции, а надвор од комбинација за Македонија остана Христијан Ѓурмешевиќ.
Натпреварот меѓу Македонија и Украина се игра денеска во салата „Верде“ со почеток во 14:30 часот.